Трансформирајте го вашиот бизнис со напредни услуги за отворено банкарство дизајнирани да поттикнат иновации и раст. Поддржани од нашите API-ја за отворено банкарство — целосно усогласени со стандардите на Berlin Group и националните регулаторни барања — ќе обезбедите попаметни финансиски искуства за вашите клиенти и ќе отклучите нови можности за приход. Со нашата експертиза, вие не само што го прифаќате отвореното банкарство — туку го водите пазарот.
Потребно е да имате валидна дозвола од Народна Банка на Република Македонија за користење на API услугите за отвореното банкарство.
Потребно е да обезбедите валиден сертификат во согласност со ЗПУПС за да го автентицирате вашето барање на API услуги и да ги користите продукциските податоци.
Имате можност да пристапите до нашите API услуги на различни нивоа и со тоа да овозможите креирање приспособени услуги со користење на нашите API услуги. За да започнете, ве молиме да се регистрирате на нашиот развоен веб портал и да ја истражите функционалноста на нашите API услуги.
Вашиот прв чекор треба да вклучи преглед на нашиот API каталог за да проверите што е достапно. Каталогот дава функционален преглед, како и технички опис на сите API услуги и нуди сеопфатен увид во нивните можности.
Ние активно развиваме нови API производи и сме отворени за нови деловни идеи и можности. Слободно стапете во контакт со нас за да соработуваме на креирање иновативни услуги кои го отвораат патот кон заедничко развивање и успех.